|
Учениците од 4-1 и 4-2 одделение реализираа активности од #едуиноигратон заедно со нивните наставнички Ивона Додевска и Јасминка Анѓелевска. За првата активност - Кружен календар, изработија календар кој ќе ги краси нивните училници, а дежурните ученици ќе го поместуваат секојдневно. За втората активност - Детективи во лов на скриени литературни богатства, учениците беа детективи кои ги откриваа скриените богатства во книгите во училишната библиотека која е вистинско царство на книгите. |











