| Секое време и генерација остава свој впечаток. Генерацијата на младите интелектуалци ги ставија основите на тоа што ќе стане симбол и знаме на борбите на Македонците за слобода. Шестмината млади Христо Татарчев, Даме Груев, Петар Поп Арсов, Иван Хаџи Николов, Антон Димитров и Христо Батанџиев ја основале македонската организација, со цел ослободување на Македонија со сопствени сили, преку која борба во континуитет, доведе до формирање на независна држава. Затоа, 23 Октомври е многу значаен, кој го симболизира континуитетот на македонската борба до независност. Во нашето училиште празникот се прослави со читање на реферат и изработки од учениците. Нека ни е честит празникот! |




