Skip to main content
Дома
ООУ КИРИЛ И МЕТОДИЈ
  • Дома
  • Нова страна
  1. Дома

11-ти Октомври

Ојавено Вто, 12/10/2021 - 3:42pm

Денес се одбележуваат 80 години од почетокот на антифашистичкото востание и народноослободителната војна, еден од најзначајните датуми во поновата македонска историја. Тоа е денот на почеток на востанието на македонскиот народ против фашизмот, кој е најтемна идеологија од современата историја и најголема негација на цивилизациските и демократските вредности. Тоа е денот со кој продолжува борбата за ослободување, за самобитност и создавање на македонска национална држава. Тој е продолжение на напорите за национално и социјално ослободување, вложени преку востанијата, балканските војни и Првата светска војна.

Круна на борбата се одлуките на Првото заседание на АСНОМ во 1944 година, со кои се реализирани повеќевековните идеали за основање македонска држава.

Македонскиот народ самостојно се избори за својата слобода!

Нека ни е честит 11 Октомври, денот на народното востание!

Настани
  • ◀◀
  • Следна ➤

Powered by Makdomen