| Го одбележуваме 10 Декември - Меѓународниот ден на човековите права. На овој ден во 1948 година, од Организацијата на Обединетите Нации е донесена Универзалната декларација за човековите права, која за првпат во историјата се однесува на сите луѓе во светот без оглед на пол, возраст, етничка, верска, политичка и каква било припадност. Таа претставува основа за сите останати документи за човекови права. "Сите луѓе се раѓаат слободни и еднакви во своите права" е реченицата со која ја започнавме денешната дискусија со претставниците од Ученичкиот парламент на ООУ "Кирил и Методиј" Стајковци. Дискутиравме за булингот, како специфичен вид насилство, кој е тема на нашиот меѓународен проект. Љубезноста кон другите е тема која ја дискутиравме на денешната работилница. |



